Македонија
23. May 2025 - 11:59

Муцунски: Добредојде за високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Калас

Добредојде за високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, во Скопје, напиша министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на неговиот Фејсбук профил.

- Пред нас е исполнета агенда со повеќе средби, на кои очекувам конструктивна и отворена дискусија. Во фокусот на разговорите ќе биде недвосмислената европска перспектива на нашата држава, целосната усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на унијата, потребата од забрзување на процесот на пристапување, како и континуираната посветеност на спроведувањето на реформите, објави Муцунски.

Во рамки на посетата, информира министерот Муцунски, ќе се одржи и Првиот дијалог за безбедност и одбрана со Европската Унија, во контекст на Партнерството за безбедност и одбрана, потпишано во ноември 2024 година, што претставува значаен во продлабочувањето на соработката со Европската Унија во областа на надворешната и безбедносната политика.