Муцунски ги пречека патниците од Дубаи: Најбитна е безбедноста на граѓаните, до крајот на неделава сите што побарале евакуација треба да бидат во државава

Вкупно 151 патник пристигна вечерва на скопскиот аеродром од Обединетите Арапски Емирати со лет на „Флај Дубаи". Повеќето се македонски државјани, еден е од Црна Гора, еден од БиХ, еден од Србија, двајца се од Косово, а четворица се со холандско државјанство.
Тие беа пречекани од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
- Клучна и најбитна е безбедноста на граѓаните и тука не смееме да правиме компромис. Мојата цел е до крајот на оваа недела сите наши граѓани што побарале евакуација да бидат во државава, изјави Муцунски.
Над 600 македонски државјани вкупно се очекува да бидат евакуирани, иако оваа бројка, напомена министерот, може да биде променлива.
Следниот авион, дополни, треба да пристигне во вторник.
Министерот, кој ги пречека патниците директно, пред авионот, се поздравуваше со секој од нив, а на припадничките од понежниот пол им даде и по една ружа, во чест на празникот 8 Март.
Муцунски за утре најави прес-конференција на која ќе соопшти детали.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
-

Сали: Интензивно работиме на реформите
-

ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците, Брисел потврди дека нема пропусти
-

Се избира ректор на УКИМ
-

Жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглерод моноксид
