Муцунски на министерски состанок во Вашингтон: Современите закани бараат координиран одговор и силни институции

Политички мотивираниот тероризам не смее да остане слепа точка во нашата заедничка безбедносна архитектура. Современите закани бараат координиран одговор, силни институции, цврсти партнерства и целосно почитување на владеењето на правото, објави на Фејсбук шефот на допломатијата Тимчо Муцунски, кој на покана на државниот секретар на САД, Марко Рубио, во Вашингтон учествуваше и се обрати на министерскиот состанок посветен на заканите од подемот на политичкиот тероризам.
- Заедно со високи претставници од повеќе од 60 држави, разговараме за зајакнување на меѓународната соработка и институционалната подготвеност за справување со новите безбедносни предизвици. Настанот е значајна можност за продлабочување на соработката со САД и другите меѓународни партнери, преку поефикасна размена на безбедносни и оперативни информации и координиран пристап, напиша Муцунски.
МИА
Ново на Сител
-

Расте бројот на странските туристи
-

Катедралата на Кале кај Крупиште целосно откриена
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
-

Тема на денот со Александар Спасеновски, универзитетски професор
-

Поплава во ТППЕ Прилеп
-

Собранието дебатира за Владината реконструкција
-

Пропадна обидот на Левица за опозициски состанок за Изборниот
-

Ново видео со врсничко насилство
