Муцунски од Шведска: Во фокусот на разговорите инвестициите во одбраната, Украина и Западен Балкан

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска учествува на министерскиот состанок на НАТО, што се одржува во Хелсингборг, Кралството Шведска.
Пред почетокот на состанокот министерот Муцунски истакнал дека средбата претставува важна можност, речиси една година по самитот во Хаг, „да се види она што е постигнато од Хаг, но и во пресрет на претстојниот многу важен самит во Анкара“, соопшти МНРиНТ.
Тој нагласил дека во фокусот на разговорите ќе бидат инвестициите во одбраната, развојот на одбранбените индустрии и континуираната поддршка за Украина посочувајќи дека „ќе дискутираме за многу посветената поддршка што ја обезбедивме како сојуз за Украина и какви се нашите планови понатаму“.
-Министерот Муцунски додаде дека состојбите на Блискиот Исток, но и Западен Балкан, неизбежно ќе бидат дел од дискусиите, при што посочи дека Западен Балкан останува „област во Европа во која постои сериозно злонамерно влијание од надворешни фактори и каде што сè уште постојат безбедносни ризици“, стои во соопштението на Министерството.
Воедно, како што додаваат од таму, тој нагласил дека „НАТО е сојуз кој станува сè посилен благодарение на нашата посветеност на 5 отсто трошење за одбрана“ оценувајќи дека состанокот ќе биде можност да се разговара и за предизвиците, но и за можностите пред алијансата.
МИА
Ново на Сител
-

Штип со реконструкција на постојните и два нови моста
-

Општина Ново Село продава 30 парцели за викенд-куќи во Смоларе
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за Богоев
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
