-->
-->
Муцунски: Одговорноста е важна, ние стоиме зад САД и венецуелскиот народ за слобода и демократија
-->

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево ја поздрави акцијата за приведување на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.
Во објава на платформата X, Муцунски ја поздравува објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Мадуро е уапсен и дека ќе се соочи со правдата.
- Одговорноста е важна. Ние стоиме зад Соединетите Американски Држави и венецуелскиот народ за слобода и демократија“, пишува Муцунски во објавата.
Упатува и пофални зборови за американскиот државен секретар Рубио за неговото лидерство во, како што вели, соочувањето со нарко-криминалните мрежи на режимот на Мадуро.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
