Муцунски со честитка за Студентската листа: Им посакуваме многу успех во преземањето на одговорноста

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски им честиташе на граѓаните на Србија за успешните парламентарни избори, а на Студентската листа им посака успех за постигнатиот резултат.
-Искрени честитки до граѓаните на Србија за успешно спроведените парламентарни избори, а особено до победниците за постигнатиот изборен успех! На претставниците на Студентската листа им посакуваме многу успех во преземањето на одговорноста и исполнувањето на очекувањата на граѓаните - напиша министерот на социјалната мрежа „Х“.
Министерот во објавата додава дека Македонија останува цврсто посветена на натамошното продлабочување на нашето пријателство и добрососедските односи, во интерес на заедничката иднина во ЕУ и просперитетот на целиот регион.
Студентската листа победи вчера на парламентарни избори во Србија освојувајќи 139 мандати во Народното собрание, според проекциите, додека изборната листа „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ ќе добие 104 мандати. Листата „Сојуз на војводинските Унгарци – Балинт Пастор“ освои три мандати.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова и честиташе на Јотова: Со добра волја може да ги надминеме предизвиците
-

Хакирани апликациите за итни предупредувања во Украина и Русија
-

Антонели нов светски шампион во Формула 1
-

Зеленски го условува прекинот на нападите врз руски рафинерии со испорака на американски ракети
-

ДИК за изборите за градоначалник во Брвеница: Јахиј освои 4442, а Радичевски 4177 гласови
-

Седници на собраниските комисии за финансирање и за одбрана
-

Облачно со повремен дожд
-

Аркин Јахији е новиот градоначалник на Брвеница
