Македонија
1. November 2026 - 22:09

Аркин Јахији е новиот градоначалник на Брвеница

Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција (НАИ), предводена од ДУИ, ќе ја преземе градоначалничката функција во Општина Брвеница, откако победи во вториот круг од вонредните локални избори.

Јахији освои 4.442 гласа, додека неговиот противкандидат Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ доби 4.177 гласа.

Според обработените резултати, евидентирани се и 203 неважечки гласачки ливчиња.

Излезноста во вториот круг била за околу 10 проценти повисока во споредба со првиот круг од гласањето.