Муцунски во Софија за Коридорот 8 и нова шанса за деблокада на европскиот пат

Почна Меѓународна конференција на министерско ниво, посветена на развојот и стратешкото значење на Паневропскиот коридор 8, што се одржува денеска во Софија, на која учествува македонскиот министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Домаќин е бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова. Конференцијата треба да обезбеди платформа за политички и експертски дијалог, зајакната координација меѓу засегнатите страни и утврдување конкретни следни чекори за развојот на Коридорот 8, преку отворање можностите за забрзување на работите на неговите одделни делници, како и за понатамошна координација меѓу земјите и институциите вклучени во неговата реализација.
Муцунски ќе се обрати на панелот на високо ниво „Геостратешки контекст на Коридорот 8“, посветен на стратешкото значење на коридорот во актуелните геополитички, безбедносни и економски услови.
На маргините на конференцијата Муцунски ќе има средби со еврокомесарката за проширување Мара Кос и шефицата на бугарската дипломатија, Петрова Чамова.
Очекувањата од македонска страна од средбата Муцунски-Петрова Чамова се преку директен дијалог, во добра волја и со взаемно почитување, да се отворат можности за деблокирање на интегративниот пат, при што се нагласува потребата од одржливо решение кое нема повторно да го изложи пристапниот процес на нови билатерални условувања.
Средбата меѓу двајцата министри за надворешни работи доаѓа и откако Европската комисија објави предлог за идното проширување, во кој меѓу другото се предлага квалификувано мнозинство за отворање на преговорите и постепена интеграција, но со заштитни клаузули што треба да обезбедат дека новите членки ќе го почитуваат тоа на што се обврзале во преговорите.
Бугарската министерка Петрова Чамова, пак, за средбата со Муцунски, изјави дека таа била инцирана од Скопје и оти на неа очекува да се разговаа за евроинтеграциите.
-Оваа средба беше побарана од нивна страна, а јас, секако, прифатив. Ќе ми биде драго да дознаам за темите за кои сакаат да разговараме. Претпоставувам дека тоа ќе биде европската интеграција. Во однос на тоа имаме многу јасен став. Се надевам дека од нивна страна ќе чујам желба за напредок - нагласи Петрова Чамова.
Бугарската министерка пред почетокот на Конференцијата изјави дека Коридорот 8 треба да се гледа како единствен стратешки проект за поврзување, а не како збир од одделни инфраструктурни сегменти.
Нагласи дека Бугарија има јасна политичка волја да ја забрза работата на проектот, кој е од клучно значење како за поврзувањето со Западен Балкан, така и за европското поврзување.
-Коридорот 8 е проект од стратешко значење за нас и со години е приоритет; сепак, работата на него не секогаш се одвивала со потребното ниво на активност - изјави таа.
Бугарската министерка нагласи дека Коридорот 8 треба да се гледа во поширокиот контекст на европското транспортно и економско поврзување и додаде дека следната година Бугарија ќе биде домаќин на самит посветен на поврзувањето, со фокус на Средниот коридор.
Денешната Конференција во Софија претставува продолжение на досегашниот политички дијалог за Коридорот 8, вклучително и министерскиот состанок одржан во Тирана во февруари оваа година.
МИА
Ново на Сител
-

Мајка на три сина сакала девојче, останала бремена со тројка – сите три бебиња се од машки пол
-

Муцунски во Софија за Коридорот 8 и нова шанса за деблокада на европскиот пат
-

43 години копале со раце: Извадиле речиси три тони дијаманти, а зад себе оставиле кратер длабок над 200 метри
-

МВР го пронајде и казни возачот кој блокираше сообраќај во центарот на Скопје
-

Денеска средба Муцунски - Петрова во Софија
-

Трамп: Заслужувам Нобелова награда за мир, но се сомневам дека ќе ја добијам
-

Македонија над европскиот просек: Кај нас има повеќе работоспособни луѓе отколку во ЕУ
-

Европските демократии се под закана како никогаш досега, вели германскиот претседател
