Македонија
7. October 2026 - 16:38

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ

Бугарските европратеници остро се спротивставија на новиот пристап за проширување на ЕУ. Велат, правото на вето е моќна алатка и неговото укинување може да биде опасно. Европратеникот Стојанов во дебатата го вмеша и судскиот процес за Ива Михаилова, како пример дека Македонија не ги почитува основните човекови права, па порача – Унијата да не брза, а Македонија да стане членка кога за тоа ќе биде подготвена. Одговор доби од еврокомесрката Кос-  на билатералните прашања место не им е во процесот на евроинтеграција.

Укинувањето на принципот на едногласност навистина е нешто кон што треба да пристапиме со огромна претпазливост. Тоа е многу моќна алатка, а вие сакате практично да ја елиминирате. Постојат земји кандидати за членство, како Северна Македонија, каде што се прекршуваат човековите права. Постои, на пример, случај кога на една жена не ѝ била обезбедена медицинска помош. Затоа, земјите кандидати треба да бидат примени дури откако целосно ќе бидат подготвени и не треба да брзаме премногу, рече бурарскиот европратеник Станислав Стојанов. 

Ако Комисијата планира мониторинг, доколку сметате дека тој е неопходен за идните кандидати, како можеме да гарантираме дека за време на преговорите нема да се заобиколат правилата? И што е со повеќекратното носење одлуки со квалификувано мнозинство? Зарем нема да се заобиколат правилата кога станува збор за надворешната политика, членот 2 од Договорот, и националните обврски во оваа област. И повеќе да нема билатерални прашања на несогласување, иако земјите кандидати ги гледаат работите на тој начин? рече европратеникот Валчев 

Господине Стојанов, да, и јас сум многу за користење на едногласноста, сè додека таа не се злоупотребува. Не, ние не сакаме да ја елиминираме. Предлагаме во некои делови да биде поефикасна, а земјите членки ќе разговараат за тоа. И се согласувам со вас дека билатералните прашања немаат никаква врска со пристапниот процес. Ги повикуваме сите земји членки и земјите кандидати овие прашања да ги решаваат билатерално.“ рече Кос

Реформите и натаму остануваат клучни во процесот на пристапување, а Кос ја спомена Црна Гора како најпозитивен пример од регионот и земја која до 2028-ма има можност да стане членка на унијата.   

Новиот пристап на Брисел предвидува ограничување на употребата на ветото кое државите членки ќе можат да го искористат на крајот од преговорите, а не за време на пристапниот процес и поголема примена на квалификуваното мнозинство. Постепена интеграција на кандидатите во одредени европски области како царината, транспортот, енергетиката и безбедноста. Документот сепак ќе треба да добие поддршка од сите земји членки, а првата дебата се очекува на состанокот на Европскиот Совет на 15 и 16 октомври.