Муцунски: Во тек разговори со земји членки на ЕУ за летните гранични метежи

Земјите од регионот, заедно со Европската Унија и нејзините земји членки, интензивно комуницираат и работат на надминување на предизвиците со метежот на граничните премини, кој е поизразени во периоди на зголемена фреквенција, особено во лето - истакна министертот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски.
- Ние како земји од регионот комуницираме и заедно со Европската Унија работиме на овој сериозен предизвик. Забележав и обид темава да се претвори во естрада во соседна Србија, односно естраден пристап, бидејќи се случува голем метеж на граничните премини, особено на копнените - изјави Муцунски.
Муцунски потврди дека се водат дискусии со повеќе земји и во рамките на разни шеми на Европската Унија, кои ги опфаќаат земјите од Западен Балкан, при што се очекува во летниот период да бидат преземени соодветни мерки за намалување на метежот.
- Очекуваме во летниот период, кога ќе има периоди на зголемен метеж, да се преземат соодветни мерки. Во овој момент официјално никој нема добиено одговор и затоа не можам ништо конкретно да споделам. Но можам потврдам дека имаме разговори, и на највисоко ниво и на техничко-административно ниво, и дека постои подготвеност од земји членки на Европската Унија да покажат флексибилност кон регионот - рече тој.
Министерот оцени дека информациите што се пласираат во јавност се политичка естрада и дека на нив треба да се гледа со голема внимателност.
МИА
Ново на Сител
-

Рокас: Се водат разговори зад затворени врати, но Македонија мора да го промени Уставот
-

Велковски уверува: Парите во вториот пензиски фонд се гарантирани и со Закон и со Устав
-

Мицкоски ја заокружи реконструкцијата - Зејнула избран за нов министер без ресор
-

Војската да ја чува критичната инфраструктура
-

Поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини излезе од притвор
-

Се проширува Безбеден град
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Нашата цел како Влада е трајно зачувување на Охридскиот регион како светско, природно и културно наследство
