Македонија
25. May 2025 - 21:29

Мурал од Полска како вечен потсетник за поддршката на македонската ЕУ интеграција

Полската амбасада ја вклучи Mакедонија во својата богата програма како дел од културната презентација на полското претседателство со EУ. Вечерва официјално беше отворен мурал на зградата на МКЦ од полскиот автор Пшемислав Блејзик. Ова, како што вели амбасадорот Мариуш Бримора, ќе биде вечна потврда на поддршката од Полска за македонските ЕУ интеграции.