Мурињо за исклучување со Порто: Не сакав да ја шутнам топката кон нивната клупа, но мојата техника не е совршена

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, проговори за неговиот црвен картон во финишот на синоќешниот натпревар со Порто.
„Специјалниот“ беше исклучен откако неговиот тим израмни на 2:2. Тој по голот на Леандро Бареиро во 88. минута, Мурињо ја шутна топката, предизвикувајќи незадоволство кај противничкиот тренерски штаб, особено кај Лучо Гонзалез. Следеше расправија меѓу двајцата. Судијата Жоао Педро Пињеиро му покажа црвен картон на тренерот на Бенфика.
-Судијата рече дека ја шутнав топката кон клупата на Порто. Тоа е лага. Мојата техника не е совршена. Откако ќе постигнеме гол, често ја шутирам топката кон трибините за да му ја дадам на некој среќен навивач. Знам дека мојата техника не е совршена, но целев кон трибините. Бев исклучен, а четвртиот судија направи ужасна работа за време на натпреварот и продолжи во иста насока кога му кажа на судијата дека ја шутнав топката кон клупата, изјави Мурињо.
Натпреварот заврши 2:2, иако Порто водеше со 2:0.
МИА
Ново на Сител
-

На „Богородица”, „Дојран” и „Табановце” за влез во државава се чека половина час
-

Премиерот Мицкоски на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите
-

Конференција на претседатели на врховни судови од Централна и Источна Европа во Скопје
-

Германскиот министер за одбрана го обвини Трамп дека е одговорен за затворање на Ормсуката Теснина
-

Сончево претпладне, попладне дожд и грмежи
-

ЦУК: Активни три пожари на отворено - гори депонија во Арачиново и ниска вегетација во Грчец
-

МВР: Лишени 20 возачи од слобода, 16 возеле без возачка дозвола
-

Трамп: Повторно ќе го „удриме Иран многу силно“ ако не го запре Хезболах
