Муртезани: Реформите и заедничкиот пазар се наш компас кон стабилност, единство и иднина

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска беше домаќин на Панелот 2 на Самитот на лидерите од Западен Балкан за Планот за раст кој се одржува во Скопје, информираат од Министерството за европски прашања. Во соопштението наведуваат дека панелот „Фокусирање на столбовите од Планот за раст“ се одржал во присуство на министри за европски прашања од Западен Балкан, високи претставници на Европската комисија, како и претставници на регионалните организации и меѓународни финансиски институции.
Во своето воведно обраќање, Муртезани порачал дека државата не гледа како задачи на чекорите кои треба да се преземат, туку „како усогласување со нашиот идентитет – идентитет кој цврсто припаѓа на европското семејство“. Според Муртезани, најсоодветното место за дискусија за раст е токму Скопје, бидејќи, како што посочил, Скопје е градот каде мостовите ги поврзуваат не само бреговите, туку и генерациите.
– Министерот ја нагласи суштинската улога на Планот за раст како катализатор за реформи и европска интеграција, потенцирајќи дека „растот не го мериме во апстрактни бројки, туку во фактот дека стартапи остануваат тука, студентите се враќаат, а судството станува функционално“. Тој информираше дека Владата на Северна Македонија ја усвои Реформската агенда во август 2024 година, по што следуваше поддршка од Комитетот за ИПА и Европската комисија. Северна Македонија прва во регионот ги заврши законските процедури за Спогодбата за Инструментот и заемот, и доби претфинансирање од 52,4 милиони евра. Во март 2025 година, беше поднесено првото барање за средства со целосно реализирани пет реформски чекори – меѓу кои нов Закон за внатрешна финансиска контрола, подзаконски акти за буџетска транспарентност, измена на Законот за трговски друштва, дипломирање на 97 нови судии и обвинители, како и воспоставување структури за правична транзиција, стои во соопштението.
Панелот, додаваат оттаму, бил фокусиран на две стратешки теми, односно спроведувањето на ефикасни реформски агенди и унапредувањето на Заедничкиот регионален пазар. Во тој контекст, министерот посочил дека денешната дискусија е можност за споделување иновативни решенија, заеднички иницијативи и трансформативни амбиции.
Во заклучокот на сесијата, министерот истакнал дека реформата не е само листа на задачи, туку „нашиот компас, додека регионалната интеграција повеќе не е само цел, туку темел на кој стоиме заедно“.
– Кога оваа панел-дискусија ќе заврши, дури тогаш започнува вистинската работа. Да го изодиме тој пат не како шест соседни земји, туку како еден регион што конечно се движи со ист чекор, истакнал министерот.
Ново на Сител
-

Приведени двајца алкохолизирани тиквешани, едниот возел и без возачка, а друг се расправал со полицајци
-

Променливо време со силен ветер и дожд од средината на неделата
-

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски
-

Николоски: Проектот „Градски воз“ напредува одлично, до јуни ќе биде завршена правата линија, а од 1 септември пуштена во сообраќај
-

Денвер го победи Сан Антонио во продолжение, Јокиќ постигна 40 поени
-

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради протестен марш
-

Мицкоски: Пораката на Велигден нè повикува да се издигнеме духовно и да ги надминеме сите поделби
-

Обвинителство: Околу 65 килограми марихуана запленети кај Градско, истрага против две лица
