-->
-->
Муртезани во Париз
-->

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска и утре ќе оствари работна посета на Париз. Како што соопшти МЕП, посетата е во рамки на „интензивирањето на билатералната соработка и продлабочувањето на партнерството со Франција во контекст на европската интеграција на Македонија“.
Предвидени се средби со високи претставници на Владата на Француската Република, меѓу кои со министерот делегиран за Европа и генералниот секретар за европски работи.
Од МЕП додаваат дека целта на работната посета е „унапредување на институционалната соработка, размена на добри европски практики и мобилизирање на техничка и финансиска поддршка за реформската и интеграциската агенда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Денеска резултати од тестирањето на водата во Гостивар
-

СДСМ: Политичка одговорност за состојбата во Гостивар
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема легитмитет да обвинува
-

Три лица загинаа пред Блаце
-

Оризопроизводството на работ на опстанок
-

Врничкото насилство не запира
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
