Македонија
2. May 2022 - 16:37

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Заврши светиот месец Рамазан со утрински намаз во џамиите. 

Во мустафа пашината џамија молитвата ја читаше поглаварот на ИВЗ Реисот Шаќир Фетаху заедно со скопскиот муфтија. По оваа молитва завршува едномесечниот пост и почнува прославувањето на Фитр Бајрам. 

Ова е прва година како верниците без ограничувања ги посетија верските храмови откако почна пандемијата. За празникот традиционално се подготвува баклава, а во текот на денот се оди на гости кај блиските роднини и пријатели. 

Илјадници верници по две години повторно ја преполнија џамијата во светиот град Мека во Саудиска Арабија.  

Бајрам муслиманите го честитаат со зборовите „Бајрам шериф мубарек олсун“ што значи „Нека е благословен бајрамот“.