Музеите на Скопско Кале ќе бидат санирани и отворени за посетители до крајот на годината
Симболот на главниот град, конечно дојде на дневен ред. Скопското Кале е расчистено од високите треви и грмушки по иницијатива на министерството за култура и управата која раководи со скопската тврдина. Побарале помош од ЗЕЛС бидејќи со години, како што тврди директорката на упрвата, не наишле на слух кај градските власти. Со оваа акција велат го подготвуваат просторот за отпочнување на проектот за повторно заживување на калето.
Со ребаланс на буџетот обезбедиле 130 000 евра за реконструкција на музеите на скопско кале, за кои ветија дека до крајот на годинава ќе бидат ставени во функција. Работниците беа дојдени во раните утрински часови за да се запазат мерките за заштита од топлотен бран а претседателот на ЗЕЛС најави дека ќе се ангажираат до целосно расчистување на калето.
Двата музеи беа изградени пред околу 10 години но никогаш не беа отворени. Се работи за објекти во кои треба да има археолошки поставки од праисторијата и отоманскиот период.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар