МВР: 373 прекршоци кај возачите при акциска сообраќајна контрола, откриен и возач без дозвола

На 24.11.2026 година, во периодот од 08:00 до 13:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола – општа контрола на возила и возачи, насочена кон откривање и санкционирање на сообраќајните прекршоци и зголемување на безбедноста во сообраќајот.
При контролата биле опфатени вкупно 786 возила, од кои 53 биле упатени на технички преглед, при што кај 14 е утврдена техничка неисправност. Во однос на возилата констатирани се 20 прекршоци.
Кај возачите констатирани се вкупно 373 прекршоци, а евидентиран е и еден случај на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик, сторено од возач кој управувал возило без да поседува возачка дозвола.
Дополнително, констатирани се 86 прекршоци од друг вид. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи.
Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на акциски сообраќајни контроли и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да управуваат технички исправни возила и да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.
Ново на Сител
-

Клековски го осуди нападот врз екипата на Брза помош и рече дека невозможно е да има секаде физичко обезбедување
-

СДСМ поднесе иницијатива за итна собраниска седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Буџетот за 2027 ќе донесе економски раст
-

Битиќи: Власта не ги прифаќа нашите амандмани
-

Левица со предлог измени на Законот за урбанистичко планирање
-

Докторите бараат обезбедување
-

Секој втор Македонец пуши цигари
-

Со европски пари се обновува штипско Ново Село
