МВР: Акциска контрола во угостителски објекти во Скопје - се служело алкохол на малолетници
Акциска контрола во угостителски објекти во Скопје, се служело алкохол на малолетници, обезбедувачи без лиценци...
Во текот на изминатата вечер (24/25.03.2023) во периодот од 23.00 до 04.00 часот полициски службеници од СВР Скопје заедно со Државниот трудов инспекторат и Државниот пазарен инспекторат, спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на територијата на СВР Скопје.
При контролата затекнати се шест малолетници кои консумирале алкохол. Лицата се приведени,а против одговорното лице се преземаат мерки во содејство со Државниот пазарен инспекторат.
Констатирани се и два прекршока по Законот за приватно обезбедување, за немање лиценца за лице ангажирано како обезбедување, а од страна на ДПИ и ДТИ констатирани се и прекршоци во однос на неиздавање на фискални сметки и прекршување на законот за пушење.
Ново на Сител
-

СДСМ: Како излегле 5 тони дрога од Македонија
-

Тече рокот за пријавување на штети од поплавите во Струмица
-

Сите работници не добиле К-15
-

Прекумерната употреба на антибиотици сериозна опасност по здравјето
-

Преглед на вестите од светот
-

До 1 мај граѓаните кои работеле во странство треба да обезбедат доказ за платен данок
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошки пациенти од Пелагонискиот регион повторно за терапија мора да доаѓаат во Скопје
