Македонија
2. February 2026 - 19:44

Онколошки пациенти од Пелагонискиот регион повторно за терапија мора да доаѓаат во Скопје

Болни од рак од Пелагонискиот регион повторно останаа без онколози од Скопје и терапија во Битолската Клиничка болница. Долгонајавуваната дисперзија со која треба да им се олесни на тешко болните – лековите, прегледите и консултациите со специјалистите од оваа област да ги добиваат поблиску до местото на живеење,  во онколошкото одделение во Битола функионираше само неколку месеци од јули до Нова година. Веќе месец дена пациентите од овој град и околината пак се во неизвеснот и треба да се малтретираат за да доаѓаат на Клиника.

- До пред некој месец онколошка терапија се изведуваше во Клиничката болница Битола со доаѓање на онколози од Скопје што за нас претставуваше единствено и издржливо решение, без претходно известување онколозите беа повлечени и терапијата повеќе не се сптроведува во битолската клиника, со ова ние сме приморани да патуваме во Скопје, што за нас онколошките пациенти претставува сериозен физички напор, дополнителен здравствен ризик, психолошки понижувања и стрес, изјави за Сител онколошки пациент од Битола.

Според информации на Сител дисперзијата на онколошките услуги помеѓу Клиниката за онкологија и Битолската клиничката болница не функционира зошто не е потпишан договор помеѓу двете здравствени установи. Нофицијално 5 онколози од Скопје биле заинтересирани да одат во Битола за да им излезат во пресрет на пациентите од овој регион.

Од министерството за здравство велат дека административните процедури биле во тек и проблемот ќе бил решен во најскоро време.