МВР на „SAHA Expo 2026“: Потврдена стратешката соработка со турската полиција

Делегација на Министерството за внатрешни работи, предводена од помошник министерот за односи со јавност Мухамед Исмаиљи, учествува на меѓународниот саем и конференција „SAHA Expo 2026“, што се одржува во Истанбул од 5 до 9 мај.
Во рамки на посетата, како што информираат од МВР, делегацијата остварила работна средба со заменик директорот на турската полиција, Мустафа Чалишкан. На средбата била потврдена силната и континуирана соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и турската полиција, заснована на заемна доверба и партнерство. Особен акцент бил ставен на заедничките напори во борбата против организираниот криминал, криумчарењето мигранти и справувањето со современите безбедносни предизвици. Соговорниците се согласиле дека преку засилена оперативна координација, размена на информации и заеднички активности ќе продолжат да придонесуваат кон зајакнување на регионалната и глобалната безбедност.
На средбата било разговарано и за тековните билатерални активности меѓу двете земји, при што беше потенциран напредокот во усогласувањето на Договорот за заемно признавање и размена на возачки дозволи, како и подготовките за склучување на Договор за безбедносна соработка. Дополнително, како што се наведува во соопштението, било истакната важноста од унапредување на соработката во делот на обуката и едукацијата, преку предложениот Меморандум за разбирање меѓу турската Национална полициска академија и Центарот за обука на полиција.
Учеството на SAHA Expo 2026 претставува значајна можност за продлабочување на меѓународната соработка и размена на искуства во областа на безбедноста, одбранбената индустрија и современите технолошки решенија, со цел унапредување на капацитетите на Министерството за внатрешни работи.
МИА
Ново на Сител
-

Арсовски: Реконструкцијата треба да е робусна, а СДСМ треба да се плаши од избори
-

Тема на денот со Петар Арсовски политички аналитичар
-

Повторно судење за врсничко насилство во Штип
-

Стојанче Јовановски осуден на максимални 12 години затвор
-

Инфлацијата во април - 5,7%, најголем скок кај цените на храната
-

РКЕ ќе анализа дали блоковите се правични
-

Идниот месец реконструкција на кабинетот на премиерот Мицкоски
-

Муцунски: Нема услови за уставни измени
