МВР: Посебен режим на сообраќај во Скопје

Денес (29.05.2026) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градски гробишта „Бутел“ ќе се одвива во една насока (кружно), односно сите возила ќе се упатуваат по улицата „Бутелска“, потоа лево по улицата „Александар Урдаревски“, лево по улицата „Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта „Бутел“. За излез, пак, од гробишта сообраќајот ќе се одвива десно по улицата „Боца Иванова“ до кружниот тек на улицата „Бутелска“, па лево по истата улица и десно по улицата „Кемал Сејфула“.
Посебниот режим на сообраќај ќе се воведе и на гробишта Камник, и гробиштата во Драчево и Ѓорче Петров. Доколку се процени дека има потреба – посебниот режим на сообраќај ќе се реализира и во сабота и во недела (30 и 31.05.).
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
Ново на Сител
-

Епидемија на заразна болест во Гостивар
-

Километарски колони на границата со Грција, топлотниот бран ги натера Македонците спас да бараат на море
-

Утре средба за маржите на храната, РКЕ ќе носи цени на горивата, Собранието ќе гласа кризна состојба
-

Реформската агенда поле за нова партиска пресметка
-

Дојран го очекува шпицот на сезоната, најавена богата културно забавна програма
-

Домашното јунешко месо без купувачи, сточарите пред колапс
-

Охрид полн со туристи
-

Заврши конзервацијата и реставрација на иконостасот во црквата Свето Благовештение која траеше 5 години
