МВР: Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит

Единаесет возачи се лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на различни локации низ државата поради безобѕирно управување со моторно возило, при што најголем дел од нив управувале возила без положен возачки испит, а дел биле затекнати под дејство на алкохол или при значително пречекорување на дозволената брзина.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, деветмина од возачите биле приведени затоа што управувале возило без положен возачки испит и тоа В.Г.(64) од село Моштица, Ѓ.Б.(60) од Долно Караслари, Б.М. (49) од село Неготино, 15- годишник од село Сиричино, О.А.(27) од село Пешталево, Н.Н.(43) од Гевгелија, 17- годишник, М.Ј.(23) и С.А.(24), тројцата од Скопје. Кај С.А. е утврдено и дека бил под дејство на алкохол, а поради возење под дејство на алкохол од слобода е лишен и М.Г.(64) од Делчево
Полициските службеници го привеле и 23-годишиот Е.А. од село Ѓермо, кој управувал возило со брзина двојно поголема од дозволената.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Воедно, Министерството апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возила без положен возачки испит или под дејство на алкохол, како и брзината на движење да ја прилагодуваат на условите на патот и сообраќајната сигнализација.
МИА
Ново на Сител
-

Бројните организирани забави до повисоки приходи за хотелите
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Злате Мехмедовиќ, директор на Клиника за физикална медицина и рехабилитација
-

Владата го намалува ДДВ-то кај дизелот од 18 на 10%
-

Мицкоски најавува прославите како на 8 Септември да станат пракса, опозицијата бара истрага за парите од Лотарија
-

Промената на времето донесе ризик за влошување на здравјето кај повозрасните и хронично болните
-

Оризот пред најтешка реколта, оризарите бараат итни мерки
-

Почна изградбата на подземна катна гаража и плоштад во Велес
