МВР: Секој има право да протестира, незадоволството не е насочено кон Министерството

Од Министерството за внатрешни работи велат дека го почитуваат и поддржуваат уставно загарантираното право на протест, по денешното протестирање на Независниот синдикат на полицијата во Скопје.
- Секој има право да протестира. Од јавно достапните информации, може да се заклучи дека незадоволство што e изразено преку овој протест, не е насочено кон МВР, туку кон постапувањето на одредени судови во процесите каде полициските службеници ги остваруваат некои свои права, истакнуваат оттаму.
Од МВР додаваат дека постојано работат на унапредување на стандардот на полициските службеници, унапредување на работните услови и враќање на достоинството на полициската професија.
- Постојано сме во разговори со сите полициски синдикати и заедно се предлагаат и прифаќаат решенија за унапредување на статусот и условите на полициските службеници. Такви идеи и предлози веќе сме имплементирале во Колективниот договор меѓу МВР и Синдикатот и полициските службеници ги користат имплементираните придобивки и подобрувања, нагласуваат од Министерството.
Дијалогот со сите синдикати ќе продолжи и заедно ќе изнаоѓаме решенија, истакнуваат од МВР, што ќе бидат во насока на подобрување на статусот на сите полициски службеници.
Независниот синдикат на полицијата денеска одржа протест во Скопје на кој беше побарано да се почитува Законот за минимална плата и основната плата во полицијата да биде најмалку колку минималната плата. Се бара и воедначување на судската пракса на целата територија на државата и спроведување на судските постапки во законски предвидените рокови.
Ново на Сител
-

Црна Гора ги брише сомнежите за блокадa во интеграциите
-

Филипче: Колку чини посетата во САД?
-

Со 500 евра казнет граѓанин кој фрлал градежен шут и кабаст отпад
-

Дрвокрадството во прилепско се намалува, но Шумската има само 13 полицајци и 1 возило, а судовите изрекуваат мали казни
-

Човечкиот фактор и годинава главна причина за шумските пожари
-

Засилени контроли во постапувањата на конзерваторските одобренија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотирис Минас, поет од Грција
