Македонија
20. September 2026 - 17:44

Црна Гора ги брише сомнежите за блокадa во интеграциите

Црногорскиот европски пат продолжува без политичка или техничка блокада и покрај информациите во тамошните медиуми дека пет земји-членки на Унијата бараат дополнителна анализа пред продолжувањето на преговорите.

 Весникот „Дан“ објави дека Холандија, Хрватска, Естонија, Литванија и Латвија наводно имаат резерви околу натамошното придвижување на процесот. Но, овие наводи ги демантираа и Делегацијата на ЕУ во Подгорица и црногорската министерка за европски прашања.

Во Црна Гора постои консензус за европскиот пат за кој не постои алтернатива, оценува новинарот од националниот сервис Никола Ѓуровиќ. Според него и покрај големата поддршка во јавноста , одлуката е во Брисел, колку брзо ќе се движи процесот.

Членството на Црна Гора ќе го отвори патот за интеграција и на Македонија и на останатите земји од Западен Балкан, оценува Ѓуровиќ. 

Најавената есен на проширување за земјите кандидати и доаѓањето на шефицата на ЕК Фо Дер Лајен на регионот може да се толкува како добар сигнал за македонските интеграции, смета експертската јавност. 

Црна Гора досега има затворено 18 од вкупно 33 преговарачки поглавја, а последната Меѓувладина конференција на која беа затворени поглавја се одржа во јули. Земјата важи за сериозен кандидат за членството во Унијата, а црногоскиот државен очекува да станат 28 членка на ЕУ до 2028ма година.