МВР со засилени контроли - приведени лица, откриени малолетници и незаконско приредување игри на среќа

На 17/18.10.2026 година, Одделот за криминалистичка полиција, во содејство со секторите за внатрешни работи и во координација со надлежните инспекциски служби, спроведе контроли во 66 угостителски објекти и казина, при што се утврдени низа неправилности.
Полициските службеници легитимирале 38 лица, извршиле преглед на 61 лице и едно патничко моторно возило, а го утврдиле идентитетот на 31 лице.
При контролите, во еден објект е затекнато лице кое вршело дејност обезбедување без лиценца и легитимација, а во друг е нарушен јавниот ред и мир.
Изречени се три глоби за прекршување на Законот за заштита од пушење.
Едно лице е приведено поради одбивање да се легитимира, а три странски државјани поради нерегулиран престој во државата.
Во еден објект се затекнати четири малолетни лица по 24:00 часот, а во два објекти е констатирано точење алкохол на малолетници.
На патот во близина на селото Мажучиште, прилепско, е сопрено лице кое управувало моторно возило под дејство на алкохол, при што се измерени 2,04 промили алкохол во крвта.
Лицето е лишено од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „Безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Во рамки на активностите, ОВР Кичево извршил претрес на локација каде што незаконски се приредувале игри на среќа, при што биле затекнати две лица и одземени предмети поврзани со случајот.
По целосно документирање, ќе следува соодветна пријава.
Во контролите учествувале и Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи, Државниот инспекторат за труд, Дирекцијата за заштита и спасување и Агенцијата за храна и ветеринарство, чии служби утврдиле неправилности поврзани со непријавени работници, работење без потребни одобренија, неиздавање фискални сметки, нерегистрирана дејност, промет во девизи, како и недостатоци во хигиенските услови и противпожарната заштита.
Притоа се преземени соодветни мерки и санкции.
МВР соопштува дека продолжува со засилени и координирани контроли во угостителските објекти и казината, во соработка со надлежните институции, со цел откривање и санкционирање на незаконските дејствија, доследно почитување на законите и поголема безбедност на граѓаните.
Ново на Сител
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат – нови цени на горивата од полноќ
-

Во Албанија продолжуваат протестите, ЕУ бара одговорност
-

Пријави за поставени бомби во повеќе белградски училишта и два други града во Србија
-

Спасено мече во Велешко: Се фатило во нелегално поставена сајла, по интервенцијата пуштено во природа
-

МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90% исполнетост на индикаторите во Индексот на отвореност 2026
-

Андоновски од Сеул: Пристапот до вештачката интелигенција ќе го дефинира напредокот на поединецот и општеството
-

Возел мотор на едно тркало низ Штип: Полицијата го пронајде 16-годишникот по видео на социјалните мрежи
