Македонија
16. July 2015 - 16:51

МВР упадна во мрежата на Даркод - Уапсен 25 годишник од Злетово

Додека злетовчани се чуделе од каде пари за Ауди А6, нивниот сосед заработувал на сметка на богати странци. Крадејки ги податоците од нивните банкарски сметки, ги препродавал на интернет и заработувал огромни суми пари. Бил дел од криминалната група која ФБИ, Европол и полициските служби од 20 држави ширум светот ја разбија во акцијата која траеше една недела.

25 годишниот злетовчанец стротина илјади долари разменувајки информации на форумот ДАРКОД. Во акцијата осомничен е уште еден македонски државјанин од Скопје. Полицијата извршила претрес во неговиот дом но не бил пронајден. Според неофицијални информации станува збор за лице кое е дел од терористичката група исламска држава и кој неодамна го загуби животот во борбите во Сирија. Полицијата запленила неколку компјутери и мобилни телефони во неговиот дом, а постојат сомненија дека и други членови од неговото семејство се поврзани со исламската држава и високо позициониранаи во функција на регрутирање нови членови и најавување на нивните акции на балканот.

ФБИ им се заблагодари земјите кои учествуваа во акцијата која според нив допринела за рушење на најголемата криминалана група која функционирала на интернет просторот.

Форумот ДАРКОД е создаден во 2008 година и имал строго утврдени правила на функционирање. До него пристапувале само поканети и проверени членови. Во акцијата изминатата недела приведени се 28 членови на криминалната група и одземени се голем број на компјутери и компјутерска опрема.