МЗ: Две лица добија органи од донор, 52-годишник ново срце, 23-годишник бубрег

Педесет и две годишен пациент кој чекал на националната листа за трансплантација од 2021 година доби ново срце од донор, а 23 годишник нов бубрег, информира денеска Министерството за здравство.
Двајцата пациенти се во стабилна состојба.
-Во градите на 52-годишен пациент, кој од 2021 година со нетрпение и верба чекал на националната листа за трансплантација – од денес чука ново срце. Симбол на нов живот, нов почеток и неизмерна благодарност. Со оваа исклучителна одлука за органдонорство, нивниот сакан продолжува да живее во срцата, телата и насмевките на луѓе кои повторно имаат шанса. Истовремено, 23-годишно момче доби бубрег и со него, шанса за поквалитетен живот - се наведува во соопштението на Министерството за здравство.
Оттаму упатуваат благодарност до семејството на починатиот кое во најтешките мигови одлучило да подари живот на други.
Од Министерството за здравство информираат дека донирани се и коскени ткива, како што потенцираат, уште еден исклучителен дар, кој ќе помогне во лекување и обновување на живот.
-Министерството за здравство изразува најдлабока почит за ова храбро семејство. Нивната одлука за нас е патоказ при креирање на идните политики. Благодарност до сите здравствени работници чија посветеност, експертиза и професионалност ја имаа оваа благородна мисија за нова надеж и нов живот - истакна во пишана изјава Азир Алиу, министер за здравство.
Проф. д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација, исто така изразува огромна почит до семејството на починатиот донор, кое, истакнува таа, со оваа храбра одлука одлучило да го промени крајот на нечија приказна.
-Кога сме сплотени и имаме една ваква хумана мисија, заеднички и тимски може да поместуваме граници - вели проф. д-р Кузмановска.
МИА
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
