МЗ ќе раководи со процесите за тоа какви донации се потребни за семејствата на настраданите и за повредените во Кочани

Министерството за здравство (МЗ) ќе раководи со процесите за тоа какви донации се потребни за семејствата на настраданите и за повредените во дискотеката во Кочани. Ова го соопшти денеска министерот за здравство, Азир Алиу, на брифинг со новинарите.
- Имавме неколкучасовна средба со експерти, родители, млади кои беа директно засегнати во трагедијата и слично. Одлучивме дека крајно време е Министерството за здравство заедно со Владата да преземе лидерство во координацијата со сите процеси, во врска со тоа каков вид на донации се потребни. Министерството ќе ја раководи работната група, во која ќе има и претставници од други институции. Во недела ќе ги соопштиме и имињата на луѓето од работната група, како да се контактира со нив. Пред нас се приоритети, краткорочни и долгорочни процеси, потенцираше тој.
Алиу информираше дека ќе се отвори и мултифункционален иновативен центар, што ќе нуди различни услуги, сервиси, простор за младите и другите во Кочани.
Ново на Сител
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
