„Забавна за момент, кобна за цел живот“ – показна вежба на МВР за превенција од употреба на петарди
Забавна за момент, но кобна за цел живот... едно девојче ги изгуби прстите, а момче се здоби со сериозни повреди на лицето откако пукале петарди на плоштадот во центарот на Скопје – за среќа ова е само дел од сценариото на симулациска показна вежба за повреди предизвикани од употреба на пиротехнички средства – петарди која ја организира полицијата како превенција пред празниците.
Бројот на повреди од петарди, особено за време на новогодишната ноќ, се намалува, но лекарите најчесто се справуваат со повреди на рацете и лицето. Затоа од Клиниката за пластична хирургија алармираат на прославите да не се користат пиротехнички средства.
Од почетокот на годината до ноември, полицијата запленила повеќе од 155 илјади парчиња пиротехнички средства. Само месецов одземени биле над 30 илјади петарди, потврди министерот Тошковски.
Кампањата за безбедно славење и годинава е поддржана од Црвениот крст и училиштата од главниот град.
Како дел од кампањата за подигнување на јавната свест за опасностите од употребата на пиротехнички средства, полицијата продолжува со предавања по училиштата низ државата а опфатени се ученици од основно и средно образование.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
