МЗ: Продолжува процесот на континуирано стручно усовршување на докторите по стоматологија

Министерството за здравство соопшти дека ги информира докторите по стоматологија дека процесот на континуирано стручно усовршување од областа на стоматологијата продолжува преку одобрени и соодветно бодирани едукативни настани од Комисијата за континуирано стручно усовршување формирана од министерот за здравство.
Во наредниот период, како што посочуваат од Министерството, ќе се одржат едукативни настани меѓу кои се: симпозиумот со меѓународно учество организиран од ЗПЗСУ-ПДДММ (1 ноември во Домот на културата во Кавадарци), симпозиумот со меѓународно учество организиран од МСД Здружение на специјалисти по ортодонција (8 ноември во хот. „Холидеј Ин“ во Скопје), симпозиумот со меѓународно учество организиран од Здружение на специјалисти по детска и превентивна стоматологија (8 ноември во хот. „Холидеј Ин“ во Скопје), симпозиум со меѓународно учество организиран од Факултет за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип (15 ноември во Мултимедијалниот центар), меѓународниот симпозиум организиран од Факултет за дентална медицина при МИТ Универзитет (21 и 22 ноември во МИТ универзитет - во тек е доставување на документацијата), симпозиум со меѓународно учество организиран од Здружението на специјалисти по стоматолошка протетика (29 ноември) и меѓународниот симпозиум организиран од Здружението на ортодонти, хирурзи и орoмаксилофацијални хирурзи Аполон - Тетово (6 и 7 декември).
Од Министерството наведуваат дека по разгледување од Комисијата, барањето од Друштво на доктори по дентална медицина на Македонија – Куманово за организирање симпозиум со меѓународно учество на 1 ноември во хотел „Хилтон“ во Скопје, е одбиено поради констатирани процедурални недостатоци, кои се спротивни со одредбите од Правилникот за континуирано стручно усовршување.
Ново на Сител
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
