МЖСПП: По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали
Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека резултатите од спроведеното мерење на квалитетот на воздух во Трубарево, на 13-ти и 14-ти септември, по пожарот во складот на „Ф-Групација ДООЕЛ“ покажуваат значително надминување на дозволените граници за „PM10“ чистички, олово, кадмиум и арсен, како и дека биле измерени високи концентрации на честички и тешки метали.
Во соопштението се наведува дека на 18-ти и 19-ти септември, исто така, било спроведено тековно мерење на квалитетот на воздух кое покажува дека моментално нема надминување на граничните вредности и дека концентрациите на „PM10“ честички се во рамки на дозволените граници за заштита на здравјето на луѓето.
– Тековни резултати 18–19 септември 2025: Просечна концентрација PM₁₀: 9,8 µg/m³; Максимална вредност: 43,3 µg/m³; Моментална вредност: 8,2 µg/m³; Резултати по пожарот 13–14 септември 2025: PM₁₀ честички: 92,65 µg/m³ (над 50 µg/m³ – дозволена граница); Олово (Pb): 0,75 µg/m³ (над 0,5 µg/m³); Кадмиум (Cd): 59,1 ng/m³ (над 5 ng/m³) Арсен (As): 8,9 ng/m³ (над 6 ng/m³); Никел (Ni): 6,4 ng/m³ (во дозволени граници, под 20 ng/m³), се наведува во соопштението.
Додаваат дека МЖСПП и Државниот инспекторат за животна средина ќе продолжат со мониторинг и навремено информирање на јавноста.
МИА
Ново на Сител
-
МЖСПП: По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали
-
Жител на струшко Велешта осомничен за три кривични дела
-
Трамп сака да ја поврати контролата врз воздухопловна база Баграм во Авганистан
-
Македонските ракометарки во Охрид на мегдан против Египет
-
Приведени 15 лица, во кои има вработени во МВР, ЈП Национални шуми, предизвикале штета од над 100 милиони евра
-
13 лица приведени по масовна тепачка пред прилепската болница, полицијата пукала во воздух за да престанат да се тепаат
-
50-годишник од Богданци со остар предмет се заканувал на едно лице на бензинска пумпа
-
Тешко повреден кавадарчанец при извршување работни задачи во фабрика