МЗШВ апелира за претпазливост: Зголемен ризик од пожари поради високите температури
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува граѓаните на посебна претпазливост со цел спречување на појава на пожари на отворен простор.
Министерството ја потсетува пошироката јавност дека во периодот кој следи да биде особено внимателна бидејќи поради високите температури ќе се зголеми ризикот од појава на пожари на отворен простор и од суштинско значење е јавноста да ја разберат опасноста како и последиците од појавата на пожари на отворен простор и со своето однесување да придонесат кон заштита и сочувување на шумите, односно животна средина, имотите и заедниците во целина.
- Лица кои вршат активности на земјоделски површини како и сточарите да бидат особено внимателни при извршување на активностите и да не дојде до неконтролирано палење на земјоделско земјиште и пасишта што е строго забрането со закон и претставува казниво дело, се наведува во соопштението од МЗШВ.
Оттаму посочуваат дека пожарите на ниво на предел директно ги загрозуваат човечките животи, имот и животната средина.
Предизвикувањето на пожар на отворен простор, како што велат од МЗШВ, е казниво дело.
- Клучен елемент за спречувањето на пожари од пошироки размер е Брзо откривање – јавноста да алармира на 112, се наведува во соопштението.
Од МЗШВ совеуваат избегнување на палење на било каков оган за време на периоди на силен ветер или суво време, како и пронаоѓање на побезбедни методи за расчистување на земјиштето и отстранување на горливиот материјал.
МЗШВ ги охрабрува сите граѓани да останат информирани и да преземат превентивни мерки за да се избегне појава на пожари на отворен простор
Од МЗШВ со потсетување дека од 01.07.2025 година до 31.08. 2025 година ќе биде на снага целосна забрана за движење во шумите.
- За таа цел се повикува јавноста да ја следи и да се приклучи на Програмата за управување со пожарите на ниво на предел (lfmwb.net) во која Министерството е партнер институција и активно работи на имплементација на активности и мерки дефинирани во програмата со фокус на превенција и подготвеност во управувањето со пожарите на ниво на предел. Работејќи заедно, можеме да го намалиме ризикот и да ја обезбедиме безбедноста на нашите домови, имоти, шумите и животната средина, се наведува во соопштението од МЗШВ.
Ново на Сител
-
Скопје денеска со третата највисока температура во Европа – 41,7°C
-
Орбан: Да бараме од нашите семејства да плаќаат 3,5 пати повеќе за гас? Тоа не е лидерство, туку економско самоубиство
-
Путин: Русија ќе ги намали воените трошоци и е отворена за преговори со Украина
-
Рекордни температури и пожари на Балканот, се очекува разладување за викендот
-
Вицепремиерот Николоски учествува на Форум за министри за транспорт во Истанбул
-
Сиљановска-Давкова ги прими припадничките на Армијата кои успешно ја завршија обуката во САД
-
Иран призна голема штета на нуклеарните постројки
-
Хамас: Над 70 загинати од израелски напади во Газа за едно деноноќие