На атинското пристаниште Пиреас запленети 54 килограми кокаин во вредност од 2,35 милиони евра
Во контејнер со банани, со потекло од Еквадор и крајна дестинација атинското пристаниште Пиреас, со помош на куче душкач, биле откриени и запленети 54 килограми кокаин во рамки на заедничката акција на инспекторите од Независната управа за јавни приходи на Грција и од Секторот за борба против финансиски криминал, јави дописничката на МИА од Атина.
Поконкретно, како што соопштија од Независната управа за јавни приходи, при рендгенски преглед на надворешниот механизам за ладење на контејнерот била откриена сомнителна органска материја и по позитивна индикација од кучето душкач за откривање дрога следела физичка проверка при што биле пронајдени и запленети 45 пакувања кокаин со вкупна бруто-тежина од 54 килограми.
Вредноста на запленетиот кокаин се проценува на околу 2,35 милиони евра, а според грчката надлежна управа, истрагата продолжува и се испитува можна поврзаност на конкретниот случај со други слични случаи во рамките на напорите за разбивање на меѓународна мрежа за увоз и трговија на дрога
Ново на Сител
-
Објавени се Конкурси за питомци и студенти за прв и втор циклус на студии на Воената Академија
-
Меџити најави кривична за Арсовска: Ова е последен обид на Ахмети за дестабилизација преку општините
-
Обвинетите во „Адитив“ не се чувствуваат виновни, Обвинителството тврди дека има цврсти докази
-
Кривична против две лица од прилепска болница, присвоиле средства од благајната во вредност од 2.269.317 денари
-
Сиљановска-Давкова од Астана Форумот: Потребен ни е свет што проблемите ќе ги решава со принципи, а не со моќ
-
Негативен природен прираст во првото тримесечје - родени 3 526, умрени 5 398
-
До недела променливо време со повремен дожд, а потоа стабилно и топло до 35 степени
-
Зголемен бројот на обвинети и осудени лица во 2024 година