Меџити најави кривична за Арсовска: Ова е последен обид на Ахмети за дестабилизација преку општините
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити и денеска и порача на скопската градоначалничка Данела Арсовска да се занимава со своите надлежности. Тој најави и пријава против неа за, како што рече, лажни тврдења во врска со објектот во Чаир пред кој се сликала и го објавила. Меџити овој случај го квалификува како „последен обид и план на Ахмети за дестабилизација преку општините“.
Одговорајќи на новинарски прашања по почетокот на конференцијата за отпад, Меџити во однос на предлозите за министри и нивни заменици повтори дека Владата што побрзо ќе се комплетира зашто „нема време за губење и е посветена на реализација на програмата и проектите“.
Министерот очекува и да се зголемува бројот на пратеници во Вреди, а мисли и дека веќе, како што истакна, е зголемен.
Во врска со локалните избори, информира дека се во тек разговорите, но и се чекаат анкетите од различните агенции за Вреди да ги даде најдобрите и најсоодветните кандидати.
- Добро што Данела се појави зашто четири години не сме ја виделе. И кога очекувавме дека ќе каже нешто за ветеното, а несработеното во Чаир и Скопје, таа изигрува инспектор, контролор, но заборава дека јавните претпријатија се пред банкрот и ова е најлошо управување на Скопје откако памти историјата, заедно со ДУИ и Левица, истакна Меџити.
Според него, не треба да се заборави обидот на ДУИ и Али Ахмети за дестабилизиација на државата кој имаше план А, Б, Ц, а последниот беше со Таравари, но пропадна. Сега, дополни Меџити, инструментот е Данела Арсовска за дестабилизиација преку општините.
- Најавите беа дека ќе излезе на улица и нема да се врати, но гледаме дека тоа не се случи, бројката на пратеници е во полза на Вреди. Сега Вреди е уште повеќе зајакната. Ова е последниот план на Ахмети, овојпат не преку Таравари и други актери, туку преку Блерим Беџети, шефот на парламентарната група, Левица и инструментот е Данела Арсовска за дестабилизиација преку општините. Ако се работи за дивоградби, нема општина што нема дивоградби. Добро е што Арсовска почна од Чаир, но добро е да ја видиме и во Сарај, во Шутка каде што се нејзините партнери, добро е да каже за синот на шефот на парламентарната група Блерим Беџети кој има 17 години и Договор за интелектуални услуги во ЈП „Комунална хигиена“ каде директор е човек на Блерим Беџети. Не случајно се давиме во ѓубре на ниво на Град Скопје, добро е Данела да се занимава со нејзините надлежности, а не со друго, нагласи министерот.
Тој се осврна и на советниците, обвинувајќи ја ДУИ дека спровела попис кој ги поделил граѓаните на резиденти и нерезиденти.
- Немаше да има дилеми ако последниот попис што го организираше ДУИ беше како и сите претходни. Последниот попис ги дели граѓаните на резиденти и нерезиденти и затоа сега, кога се прави Буџет во министерствата за финансии, образование, мора да се почитува тој попис, по резидентно население, резидентни ученици. Ова е последица на пописот што го организираше ДУИ и затоа тие имаат најмалку право да се бунат. Да, се намалува бројот на советници во Гостивар, но расте бројот на советници во Студеничани. Се намалува бројот во Карпош и во други ошпштини, нема етнички предзнак и е последница на политиките на ДУИ, истакна министерот.
Ново на Сител
-
140 луѓе во тетовската болница не зеле плата 2 месеца
-
Град во источна Германија нуди 14 дена бесплатен престој и можности за работа
-
Поплави во Романија се закануваат да го загрозат еден од најголемите европски рудници за сол
-
Црна Гора: Потврден случај на лептоспироза во Бијело Поље
-
Приведен 45-годишник, ја вознемирувал и навредувал поранешната партнерка
-
Истрагата за трагедијата во „Пулс“ заврши, испрашани 400 сведоци, 46 се осомничени
-
СДСМ: Селективност за перење на Христовски, зошто Обвинителството не побарало одговор до ETS?
-
ВМРО-ДПМНЕ: Вистината не може да се крие во недоглед, лагите на СДС испливуваат на површина и ги потврдуваат институциите