На досегашниот началник на белградската полиција му е одреден 30-дневен притвор

Вишиот суд во Белград денеска му одреди 30-дневен притвор на Веселин Милиќ, осомничен дека извршил неколку кривични дела како началник на Полициската управа за градот Белград со цел да го прикрие стореното кривично дело тешко убиство во обид во ресторан во Сењак на 12 мај.
Тој е приведен за да не се уништат, сокријат, изменат или фалсификуваат докази или траги од кривично дело, како и да не се попречува постапката со влијание врз сведоци, а воедно имајќи предвид дека постојат посебни околности што укажуваат дека тој ќе го повтори кривичното дело за краток временски период, соопшти судот.
Осомничениот вчера ја презентираше својата одбрана на рочиште во Вишото јавно обвинителство во Белград.
Наредбата за спроведување на истрагата го товари Милиќ за кривични дела непријавување на кривичното дело и сторителот и помагање на сторителот по извршувањето на кривичното дело.
Покрај овој осомничен, наредбата за спроведување на истрагата опфаќа уште девет лица, кои ќе бидат сослушани во обвинителството во рамките на законскиот рок на притвор, за што јавноста ќе биде навремено информирана.
МИА
Ново на Сител
-

Речиси 1.000 загинати во земјотресите во Венецуела, над 50.000 се исчезнати
-

Преглед на вестите од светот
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
