Македонија
19. August 2025 - 13:35

Приведен 36-годишник од Романија на ГП „Табановце“, пронајдена е дрога

На 18.08.2025 околу 22:00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.О.(36) од Романија.

При гранична проверка и преглед на патничко возило „бмв“ со романска национална ознака, кое А.О. го управувал, била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.