Македонија
19. August 2025 - 18:02

Товарно моторно возило се самозапалило кај Плетвар

Товарно моторно возило се самозапалило денеска на патот А3 Прилеп - Градско, на превој Плетвар во непосредна близина на исклучокот за село Ореовец.

Како што информира АМСМ, инфрмацијата ја потврдиле од дежурната служба на Полициската станица од општа надлежност во Прилеп.