Сапорт Кочани: Над 4,5 милиони денари обезбедени за засегнатите лица во трагедијата во Кочани
Заклучно со денешниот ден (19 август) вкупниот прилив на наменската сметка изнесува 4.594.345 денари. Од оваа сума реализирани се 3.758.805 денари, за банкарски провизија се потрошени 18. 277 денари, а во моментов на располагање остануваат 835.540 денари, информираат од Граѓанската иницијатива Сапорт Кочани за моменталната состојба со донациите и реализираната помош.
Сапорт Кочани е формирана веднаш по трагичниот настан од 16 март 2025 година и продолжува и понатаму да работи транспарентно, координирано и во интерес на сите засегнати лица и нивните семејства, велат од Граѓанската иницијатива.
Еден од најважните сегменти на помошта, како што е наведено во соопштението, е набавката на специјализирана компресивна облека, која е неопходна во долготрајниот процес на третман и рехабилитација на преживеаните од изгореници.
- Првата пратка – 149 парчиња е во вредност од 923.458 денари, втората пратка – 43 парчиња е во вредност од 283.802 денари, а третата пратка – 176 парчиња е во вредност од 2.193.047 денари. Со овие три пратки досега се обезбедени вкупно 368 парчиња компресивна облека, кои веќе се испорачани и предадени на Општата болница во Кочани за користење од страна на преживеаните лица, информираат од Сапорт Кочани.
Дополнително, како што велат, значаен дел од средствата се насочени кон директна поддршка на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија – Скопје, како и кон лицата кои се уште се хоспитализирани таму.
-Досега се донирани 100 комплети T-LAB PRP KIT и 10 комплети Exomine SMART KIT, со вкупен износ од 267.000 денари, 4 пакувања протеини и 4 пакувања аминокиселини, со вкупен износ од 19.120 денари и сет креми за подобрување на еластичноста на кожата, со вкупен износ од 53.428 денари. Овие материјали се наменети за третман на рани, регенерација на кожата и подобрување на процесот на рехабилитација, со цел полесно и побрзо опоравување на засегнатите лица, се наведува во соопштението.
Сите донации се резултат на поддршката од хумани граѓани, компании и организации од земјата и дијаспората, кои несебично се вклучија во оваа акција, потенцираат вклчените волонтери од Сапорт Кочани.
- Овие бројки не се само финансиски податоци - тие се доказ за солидарност, заедништво и човечка хуманост. Благодарни сме на секој поединец и секоја компанија кои веруваа во оваа иницијатива и помогнаа од срце. Нашата работа не застанува тука - продолжуваме да бидеме тука за засегнатите лица и нивните семејства, сè додека постои потреба, се наведува во соопштението до јавноста од Граѓанската иницијатива Сапорт Кочани.
МИА
Ново на Сител
-
Товарно моторно возило се самозапалило кај Плетвар
-
Сапорт Кочани: Над 4,5 милиони денари обезбедени за засегнатите лица во трагедијата во Кочани
-
„Гринпис – Бугарија“ пријави над 170 нафтени дамки во бугарските води на Црното Море
-
Институт за проучување на војната: Кремљ не се обврзал јавно за средба меѓу Путин и Зеленски
-
Лавров го пофали Трамп, ги критикува Европејците за нивниот пристап кон решавањето на украинскиот конфликт
-
До петок стабилно и топло, за викендот повремен дожд и грмежи
-
ЦУК: Три регистрирани пожари на отворено, еден активен
-
Приведени возачи во Гостивар, Штип и Ресен, управувале возила под дејство на алкохол и со брзина поголема од дозволеното