Македонија
25. August 2025 - 14:06

На ГП „Табановце“ се чека 30 минути

АМСМ информира дека поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила. На ГП „Табановце“ времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод - Скопје и натаму е затворен за секаков вид на возила.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

МИА