Македонија
25. August 2025 - 21:05

ДЗР: Владата има застарен софтвер

Во педесетина државни институции и министерства преку кои минува речиси една петина од државниот буџет, нема навремено или целосно дигитално следење на трансферот на пари.. Ова го открива извештајот на државниот завод за ревизија кој проверувал како функционира Системот за интегрирано планирање на ресурсите.. Компјутерскта алатка од 2019 па наваму ниту се одржувала ниту пак некој ја контролирал.. Со ова, според ревизија, доведени се во прашање точноста и квалитетот на финансиските извештаи на институцииите..

„Овој пристап го зголемува ризикот од нецелосно евидентирање на обврските и влијае врз точноста на финансиските извештаи и извештаите за финансиската состојба, како и на квалитетот на податоците и информациите кои ги даваат истите“, велат од Државен завод за ревизија..  

Дигиталниот систем го употребува Службата за општи и заеднички работи на Владата, а финансиски транфери преку него евидентираат уште Антикорупциската комисија, Бирото за метеорологија, пазарниот инспекторат, министерства.. 

Првиот човек на СОЗР, Ивица Томовски, вели системот е наследен од поранешното министерство за информатика и администрација пред десетина годиниа, а забелешките кои ги има ревизија се познати и влијаеле на работата на службата.. Веќе била почната постапка за надоградба и осовременување на алатката..

„Ненавремено одржување на системот како што е забележано од ДЗР, многу влијае врз ефикасноста  на работата на службата. Освен техничкиот аспект, постојат и клучни човечки фактори како недостаток на вработени и праксата на склучување на договори на определено време, што влијае врз континуитетот во работењето. Во тек се активности за надградување и подобрување на системо и воопшто сите проблеми кои произлегуваат како последица од ненавременото одржување“, изјави Ивица Томовски, Директор на СОЗР.   

Според заводот за ревизија, дополнителен проблем е што системот работел на стар компјутерски систем кој не информира за недозволени активности..

„Не постои локација за чување на ревизорската трага, а системот не зачувува информации за сите настани, што ја оневозможува контролата на пристапот и идентификација на неовластени активности“, велат од ревизија. 

За подобрување на состојбата, заводот за реввизија дал триесетина препораки за зголемување на функционалноста на системот кој ги следи сметководствените и финансиски услуги на институциите..