Македонија
7. August 2025 - 8:25

На граничните премини без подолги задржувања за влез и за излез од земјата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, но на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ информира дека од 6.30 часот на ГП Блаце поточно кај бензинската пумпа Дизел“, товарниот сообраќај е пренасочен.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово Велес, Маврово Дебар Струга, Виница Берово и Кочани Делчево.

 

МИА