Македонија
6. August 2025 - 13:42

11-годишно девојче прегазено во Скопје

На 05.08.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.Христијан Тодоровски Карпош“ во Скопје, патничко возило ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(23) од Скопје, удрило во 11-годишна малолетничка од Скопје, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплекс клиники Мајка Тереза“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.