На Македонците во Италија се уште не им се прифаќаат возачките дозволи со новото уставно име
Еден бил принуден да си даде отказ од работа, друг не седнал зад волан повеќе од две години. Нашинците во Италија мака мачат со непризнавање на возачките дозволи со новото уставно име. За Сител тврдат дека тамошните власти им бараат документи без Северна за да управуваат со возило. Ваквите состојби им го отежнуваат секојдневието, но и ги ограничуваат во изборот на работното место,.
Македонците во Италија велат дека се разочарани од властите бидејќи овој проблем нема разврска. Од амбасадата постојано добивале одговор дека состојбите се непроменети. Додека чекаат властите да зготват решение, нашинците имаат две опции. За превоз да се снајдат како знаат и умеат, или пак да си извадат италијанска возачка, за која пак треба да го испразнат новчаникот за 2.000 евра.Доставена е конечна верзија на договорот за признавање на возачките дозволи меѓу двете држави до италијанските власти, велат од македонското МНР за Сител.
„Од македонска страна се завршени сите потребни формалности и во моментов се чека негово конечно одобрување од страна на надлежните институции во Италија, по што се очекува да следи процесот на негово потпишување“, стои во одговорот на МНР.
Дека се преговара, потврдија и од МВР.
„Во тек се преговори за усогласување на предметниот нацрт текст за Договор помеѓу двете Влади, при што од страна на МВР е доставен одговор до италијанските власти и се чека одговор од италијанска страна“, стои во одговорот на МВР.
Крајот на 2023 и почетокот на 24-та година, ја одбележаа големите гужви на пунктовите за вадење на лични документи. Поради ваквите состојби и неподготвеноста на државата за извршување на обврските од Преспанскиот договор,
Собранието го продолжи рокот до 31 декември 2024та, да важат возачките со Република Македонија ама само дома.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар