На Макрон му веруваат само една четвртина од Французите, најмалку од 2017 година

Довербата на Французите во нивниот претседател Емануел Макрон во декември падна на само 25 проценти, објавија француските медиуми, повикувајќи се на резултатите од анкетата на јавното мислење објавена денес.
„Божиќ не ја врати довербата на францускиот народ во извршната власт. Според интерактивниот барометар Толуна-Харис за LCI, објавен вчера, само 25 отсто од населението велат дека му веруваат на претседателот Емануел Макрон“, пишува порталот ТФ1инфо, наведувајќи дека ова е за четири процентни поени пониско отколку во ноември.
Шефот на државата го достигна својот најнизок рејтинг откако ја презеде функцијата во 2017 година, што е еднакво на нивото забележано во октомври 2025 година, истакнува ТФ1инфо.
Истовремено, истражувањето покажува дека на францускиот премиер Себастијан Лекорну во декември му веруваат 34 проценти од испитаниците, но дека и неговиот рејтинг е намален – за еден процент во споредба со ноември.
МИА
Ново на Сител
-

Лишен од слобода гостиварец баран со потерница за казна затвор во траење од осум години
-

Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари
-

Најдолгото гостување во Македонија: Кратери осум часа патуваа за Силекс
-

Охрид и Силекс ремизираа во првото полуфинале од Купот
-

Без вода утре делови од Центар и Чаир
-

Уапсен скопјанец, во возилото му се пронајдени скоро 30 грама кокаин
-

Мицкоски од Виена: Определбата на Владата е јасна, градиме економија што создава, а не само троши
-

Потврдите од платените казни од системот „Безбеден град“ граѓаните нема потреба да ги носат во полициска станица
