На Попова Шапка 97 сантиметри снег

Најстудено изутринава во државава е на Попова Шапка, каде во 7 часот измерени се - 8 степени Целзиусови и 97 сантиметри снег. Следуваат Kрушево и Mаврови Анови со - 4, Берово и Претор, - 1, Крива Паланка, Охрид, Битола, Прилеп, 0, Штип и Виница, 2, Тетово, Куманово и Струмица, 3, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци и Демир Капија, 4, Скопје-Петровец и Велес, 5, Гевгелија, 6 степени.
Количината на врнежи за изминатите 24 часа до 7 часот изутрина во Струмица изнесува 13 литри на метар квадратен, 11 во Берово, 8 во Претор и Гевгелија, 7 во Демир Капија, 6 во Битола, 5 во Тетово, Пожаране и Kрушево, 4 во Прилеп, 3 во Скопје-Петровец, Крива Паланка, Штип, Виница и Ѓуриште, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Велес, Охрид, 1 во Кавадарци и Mаврови Анови.
Снег од три сантиметри има во Mаврови Анови, 2 Берово, 1 Ѓуриште.
ВУХМР најави дека во текот на денов времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), особено долж Повардарието и во источните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, особено претпладне. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Панчевски поднесе кривична до членовите на Советот на обвинители
-

Николоски: Први чекори кон директна авиолинија од Саудиска Арабија
-

ЦУК: Намалено нивото на реката Вардар, во моментов нема опасност од излевање
-

Одлета конструкција од кров на училиште поради силен ветер во Гевгелија
-

Јордан Митев ги крена Македонците во Торонто на нозе, спектакуларен концерт на нашата музичка ѕвезда | ВИДЕО
-

Џеј Ди Венс: САД имаат многу инструменти за да го спречат Иран да се здобие со нуклеарно оружје
-

Три тиквешанки мета на измама, полицијата апелира на внимателност
-

На Попова Шапка 97 сантиметри снег
