На Попова Шапка утринава се измерени 64 сантиметри снег

На Попова Шапка изутрина во 7 часот се измерени -2 степени целзиусови, а снежната покривка изнесува 64 сантиметри. Во Берово и Mаврови Анови 0 степени, 1 во Крива Паланка, Kрушево и Лазарополе, 3 во Претор и Виница, 4 во Охрид, 5 во Тетово, Битола, Прилеп, Штип и Струмица, 6 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес и Кавадарци, 7 во Гевгелија, 8 степени целзиусови во Демир Капија.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека најмногу врнежи во изминатите 24 часа заклучно со 7 часот изутрина наврнале на Попова Шапка, 17 литри на метар квадратен, по што следуваат со 14 Пожаране, 7 Kрушево, 5 Mаврови Анови, 4 Тетово и Струмица, 3 Кавадарци, 2 Претор, Гевгелија и Ѓуриште и по 1 литар во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Битола, Прилеп, Штип, Велес, Виница, Берово, Лазарополе, Пожар-Радовиш.
УХМР за денеска најави променливо облачно време со повремен локален дожд. На планините во северните делови и на некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а попладне наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен, а попладне во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.
МИА
Ново на Сител
-

ЗОИ 2026: Симболичен настап на Јада во квалификациите на крос-кантри спринтот
-

Нивото на водата на Охридското Езеро 16 сантиметри над февруарскиот просек
-

Хероин пронајден при претрес во Гостивар, уапсен 69-годишник
-

Мета и Гугл обвинети дека намерно создале зависност кај младите корисници
-

Позната причината за смртта на Кетрин О’Хара
-

ССМ ја започна блокадата на Собранието, бара зголемување на минималната плата на 600 евра
-

Герасимовски: Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање
-

Поради протестот на ССМ во Скопје посебен режим на сообраќај
