Фудбал
20. December 2021 - 12:58
На повидок, прекин на англиската Премиер лига!?
Ќе има ли прекин на англиското фудбалско првенство, односно Премиер лигата!?
Ова ќе биде главната тема меѓу раководството на англиската лигата и сите 20 клубови на денешниот состанок на кој ќе се разговара за Ковид кризата која направи многу проблеми во распоредот на натпреварите.
Откако минатата недела беа одложени 10 натпревари, од кои дури шест од 10-те изминатиотв викендов, клубовите побараа итна средба со раководството, на која треба да се разгледа опцијата за одложување на првенството,
Една од опциите е привремен прекин на првенството се до првиот дел во новата година, за кога се закажани дуелите од 21-то коло.
Тоа би значело одложување на сите натпревари од претстојните две рунди 19-тата и 20-тата.
Дополнителен проблем прават и веќе одложените натпревари, како и претстојните куп натпреварите, па згуснатиот календар, уште сега ги наведува англиските медиуми да заклучат дека, невозможно е да има повеќенеделен прекин на сезоната.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->