Македонија
9. July 2025 - 19:53

На Прилеп му се потребни 260 литри вода во секунда, а се троши 420, потребно е штедење

Високите температури ги донеса и првите проблеми за оваа година за прилепчани околу водоснабдувањето. На Прилеп потребни му се во просек 260 литри вода во секунда за нормално функционирфање, но деновиве во попладневните часови граѓаните енормно трошат вода која доаѓа и до 420 литри.

Од Водовод упатуваат апел водата максимални да се штеди, а настанатиот проблем со немање вода во високите зони го решиле со пренасочување на дел од водата од пониските делови.

„Ние пред неколку денови работевме на тој случај и еве веќе тој проблем во високите зони го немаме. Пренасочивме дел од водата од ниска спрема високак зона, но тоа не е практика и не е добро, но забележавме дека апелот да се штеди водата граѓаните не го почитуваат и моравме да преземеме такви активности кои при нормализирање на потрошувачката ние мора повторно системот да го вратиме назад како што беше“, истакна Игор Гулабоски, директор на ЈП „Водовод и Канализација“ – Прилеп.

За проблемот со водоснабдувањето покрај големата потрошувачка придонесуваат и загубите во системот кои во моментов изнесуваат високи 56%. За тоа секако виновна е старата мрежа, како и крадењето на вода.

„Тие загуби се од диви приклучоци при отстранување на дефекти, вода која што се губи подземно која не можеме ниту ние да ја забележиме и тековно и ние се бориме со тоа и затоа ги имаме овие проекти за реконструкција. Дивите приклучоци ги има за жал во голем број и се еден од проблемите со кои се соочуваме и се бориме“, додаде Гулабоски.

Од прилепскит Водовод велат дека од „Студенчица“ во моментов доаѓаат 290 литри и 20 литри од самостојни извори што било доволно за Прилеп и дека во моментов бунарскиот систем не е ставен во функција. Но без штедење на водата проблемите ќе може да се повторат во секој момент.