Македонија
26. May 2021 - 12:50

На стартот на новата сезона во Охрид не се знае што ќе биде со плажите

Какви плажи ќе имаме ова лето и дали истите ќе бидат безбедни. Акцијата за уривање на дивоградбите долж Охридското Езеро е во тек , на добар дел од капалиштата нема да има шанкови, лежалки , платформи и паркинзи но спасителите на вода сеуште немаат информации дали плажите ќе се активни и уредени и дали оваа сезона ќе бидат ангажирани да се грижат за безбедноста на капачите.

Од Црвениот Крст од Охрид велат дека оние плажи кои со години наназад немаат стопанственици, и кои се слободни за користење треба да содржат табли со известување дека не се безбедни.На плажите каде се урива има градежен шут кој претставува опасност за граѓаните.

Инаку долж крајбрежјето деновиве се отстрануваат бесправните објекти на плажите на потегот од Метропол до селото Пештани. Од локалната најавија дека најдоцна до 15-ти јуни од плажите ќе бидат отстранети сите елегални градби и потоа истите ќе бидат уредени со песок.