ОН: На светот му се заканува масовен глад доколку веднаш не се отвори Ормуската Теснина

Работна група на Обединетите нации предупреди дека светот се соочува со криза од масовен глад доколку Ормуската Теснина наскоро не биде отворена за сообраќај.
Според нивните проценки, околу 45 милиони луѓе би можеле да останат без храна поради недостаток на ѓубрива чии транспортни патишта во моментов се блокирани.
Мореира да Силва, извршен директор на Канцеларијата на ОН за проектни услуги (UNOPS), истакна дека во нормални околности една третина од светските залихи на ѓубрива, вклучувајќи амонијак, сулфур и уреа, минуваат низ овој поморски премин.
„Ни остануваат само неколку недели за да спречиме она што многу добро би можело да се претвори во голема хуманитарна криза“, изјави да Силва за француските медиуми.
Проблемот е првенствено поврзан со роковите во земјоделското производство.
„Сезоната на сеење не може да чека“, предупреди да Силва, нагласувајќи дека во некои африкански земји тие рокови истекуваат за неколку недели.
Покрај Африка, блокадата особено силно ќе ја погоди безбедноста на храната во Азија. Експертите предупредуваат дека ширењето на кризата е само прашање на време.
„Доколку наскоро не ја спречиме причината за кризата, ќе можеме да се справиме со последиците само преку хуманитарна помош“, заклучи да Силва.
Работната група на ОН наведува дека отворањето на теснината е клучно за стабилизирање на глобалниот пазар на храна, бидејќи недостатокот на ѓубрива во оваа фаза од земјоделскиот циклус може да има долгорочни последици врз приносите низ целиот свет.
МИА
Ново на Сител
-

Алиу: Телемедицината ќе ги поврзе лекарите од дијаспората со пациентите во земјата
-

Трамп потпиша нови санкции против Куба
-

Приведени седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола
-

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале
-

Фајненшл Тајмс: Вашингтон ги предупреди европските сојузници да очекуваат сериозни доцнења во испораките на оружје од САД поради војната во Иран
-

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово
-

Трамп: Иранците бараат нешта со кои не можам да се согласам – или ќе ги збришеме, или ќе се договориме
-

Пентагон: САД ќе повлечат 5.000 војници од Германија
